Опожарени биле две возила кај студентскиот дом Гоце Делчев

by Фокус

Во раните утрински часови, во близина на студенскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, пријавено е дека било опожарено патничко моторно возило  „Нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј. Е (52) од Скопје, информираше МВР.

Од пожарот било делумно зафатено и патничко моторно возило ,,Мазда“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Е..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости