Филипче: Сите оздравени кои можат да донираат плазма да го сторат тоа за да спасат живот

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил им се заблагодари на сите оздравени пациенти од Ковид-19, кои донираа плазма за лекување на заболени.

-Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин можете да спасите живот. Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале Ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина, напиша Филипче.

Поврзани новости