Филипче: Седум пациенти се во критична состојба, тројца се излекувани

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во земјава се регистрирани уште 18 нови случаи на корона вирус, со што вкупната бројка достигна 219 заразени.

„Во земјава досега има тројца излекувани пациенти и за жал, тројца починати. Не треба да се има сомнеж дека не се споделуваат точни бројки. Ниту има простор за манипулација, ниту ќе има. На Инфективна се хоспитализирани 41 пациент, седум од нив во потешка здравствена состојба, 27 се средно тешки и седум со поблаги симптоми – истакна Филипче.

Според него, во Заводот за рехабилитација се уште траат анкетите, земени се брисеви од 18 граѓани.

„Постои можност да остане само амбулантскиот дел. Имавме случај на клиниката за кардиологија. На работа пројавил симптоми. Во тој дел нема пациенти. Но, доколку се установи дека свесно се појавил ако знаел дека има симптоми ќе сноси санкции – вели Филипче.

Тој додаде дека се поделени заштитни маски на матичните лекари.

„Добивме донации, вчера 3.000 и денес уште 3.000 маски. Проструи цена од 5.000 денари и тоа не е цена на тестовите, туку Фондот плаќа кон јавно здравствените установи. Не се калкулира само потрошниот материјал, туку и вработените и нивните плати – вели Филипче.

 

 

Поврзани новости