Секој здравствен работник кој свесно се појавил на работа, иако имал симптоми ќе сноси одговорност, вели Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека до вчера има 17 заразени здравствени работници, но некои од нив не биле свесни дека се во контакт со заразени пациенти.

„Тоа се здравствени работници, кои не биле свесни дека имале контакт со заболени пациенти. Тоа не значи дека они фатиле корона вирус од пациентите. Апсолутната бројка не би ја зел како процент на здравствени работници и дека тоа се должи на непочитување на протоколите. Како пример е Инфективната клиника, каде што нема заразен лекар – вели Филипче.

Тој нагласи дека секој здравствен работник кој свесно се појавил на работа, иако знаел дека има симптоми ќе сноси одговорност.

Поврзани новости