ВИДЕО Во 17,30 часот стануваме членка на НАТО

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски преку видео-обраќање информираше дека денеска во 17,30 часот по македонско време нашата земја ќе стане 30-та членка на НАТО.

„Официјалниот прием ќе биде денеска во 11.30 часот по американско време во Вашингтон, во главниот град на САД. Иако поради тешкиот период низ кој поминуваме, не можеме да се израдуваме и да ги одбележиме овие настани како што доликува, сепак станува збор за успеси кои речиси по три децении независност ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина“ – вели во своето обраќање Пендаровски.

Поврзани новости