Филипче се сретна со семејството Белчовски: Тие покажаа што значи да си човечен

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска оствари средба со семејството на младата Верица Белчовска чии органи подоцна беа донирани и спасија животи.

„Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни“, напиша Филипче.

Поврзани новости