Филипче: Се извинувам ако сум направил ненамерен превид со возилото

by Фокус

Бев уверен дека постапувам согласно законот, дека нема апсолутно никакви прекршувања и доколку се утврди спротивното се извинувам за ненамерниот превид, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со возилото кое Министерството го добило на користење од Агенцијата за разузнавање, со кое тој на 28 јуни беше во работна посета во Штип и потоа присуствуваше на партиска трибина на коалицијата „Можеме“.

„Ја информирам јавноста дека на споменатиот датум во Штип бев во посета на штипската болница која од почетокот на корона кризата функционира како регионален ковид центар, а посетив и една градинка во градот. На настанот дојдов со возило кое на почетокот на кризата Министерството за здравство го доби од Агенцијата за разузнавање со договор за користење, а не со службено возило на министерството. По завршување на дневните обврски пред заминување за Скопје, во својство на Претседател на здравствената комисија на СДСМ бев на настан на кој ја презентирав здравствената програма на коалицијата „Можеме“, појаснува Филипче.

Поврзани новости