Мицкоски: Или ќе одберете зло олицетворено во Заев или добро и чистина

by Фокус

Доколку граѓаните гласаат за СДСМ ќе гласаат за криминал, рекет и сиромаштија, а доколку гласаат за ВМРО-ДПМНЕ тогаш гласаат за работа, чест и достоинство, рече лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со носителот на пратеничката листа во ИЕ Игор Јанушев беше во Лозово.

-Ова не се обични избори, ова се избори на две различни политички партии во основа. Ова се избори каде што или ќе се поддржи злото, олицетворено во СДСМ и Зоран Заев. Или ќе се одбере чистината и доброто. Ова се избори во кои што народот избира дали ќе фати лево и ќе поддржи подвиткана кичма, понижувања, срам. Или пак ќе фати десно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ и ќе поддржи со тоа исправена кичма, достоинство и чест – нагласи Мицкоски.

Според него, гласот за СДСМ и БЕСА е глас за политичари од минатото без нови идеи.

Поврзани новости