Ова намалување на рестрикцијата на движењето во комбинација со носењето на заштитни маски, всушност значи зајакнување на превентивните мерки, рече министерот за здравство, Венко Филипче осврнувајќи се на новите владини мерки со кои се намалуваат рестрикциите за граѓаните, кои стапија на сила по избивањето на епидемијата.
-Таа прекривка на устата и на носот во случај кога не може да се одржи дистанца, сметаме дека е клучна превенција од ширењето на вирусот. Ова е исклучително важно сега да се почитува за да се одржува линеарниот пораст на пациенти. Здравствениот систем добро го амортизира бројот на заболени, а сите овие мерки кои ги носиме се по препорака на Комисијата за заразни болести и се медицински аргументирани. Останува на нас да се прилагодиме и да ги почитуваме овие мерки, рече Филипче.