Осуммина здравствени работници заразени со корона на Онкологија, 20 вработени во изолација

by Frosina Fakova

Осуммина здравствени работници се заразени со новиот Ковид 19, соопшти Министерот за здравство, Венко Филипче по извршената инспекција во оваа Клиника. Меѓу заразените има лекари, медицински сестри и болничари, а 20 вработени од Клиниката се наоѓаат во изолација.

Сепак тој информира дека Клиниката целосно функционира и дека до петок ќе биде готов новиот распоред за делење на терапија во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, па пациентите нема да мораат да одат до Скопје за терапија.

Според последните негови податоци, во Детската клиника нема затворени оддели и  нема нови забоелни, освен еден лаборант, медицинска сестра и докторката од имунолошкото одделение. Од оваа Клиника во изолација се наоѓаат 26 лица.

Тој најенергично ја демантираше информацијата на мајката на четиримесечното бебе, заразено со корона вирус која на Фејсбук се жалеше за третманот на Инфективната клиника, а за ова демант испратија и од таму.Филипче уверува дека се почитувале сите протоколи во овој случај. Од денеска на Инфективна клиника на помош да волонтира бил дојден лекар, кардиолог од Словенија, Игор Палевски кој доброволно ќе помага при лекувањето на пациентите во оваа Клиника и ќе го сподели искуството со своите колеги.

Поврзани новости