Во Дебар седум дена по ред нема новодијагностицирани со корона вирус

by fokus

Во Дебар веќе седми ден нема новодијагностицирани со корона вирус, а само уште двајца, од претходно заразените се на домашно лекување.

-До сега извршени се повеќе од 250 тестирања, при што позитивни на „Ковид-19“ се 51 лице, од нив двајца од Центар Жупа. Исто така извршени се повеќе од 50 ретестирања за да се потврди негативниот резултат, односно дека заболените лица се оздравени, изјави за МИА, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука,кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Од вкупната бројка заразени, 17 биле на лекување во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од нив 13 се испишани како оздравени, додека четворица починаа.

На домашно лекување беа 34 лица,од кои, со вчера официјално соопштените податоци за четворица оздравени, битката со вирусот ја добиле 32 лица кои се лекувале во домашни услови. Доколку се имаат во предвид бројките на оздравени во Клиниката за инфективни болести и оние во домашни услови или вкупно 45, тоа значи дека се лекуваат само уште двајца пациенти и тоа во домашни услови.

Поврзани новости