Филипче: Пописот и изборите нема да бидат проблематични ако се почитуваат протоколите

by Fokus

Епидемиолошката состојба ќе биде основа какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но, ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми, оцени министерот за здравство Венко Филипче од Тетово на новинарско прашање дали ќе има промени во мерките и поради овие два процеси.

-Ние минатата година дадовме препораки да нема големи митинзи и немаше и тоа што е битно е тоа што сите и политичките партии треба да знаат дека има препораки за тоа како собирите се организираат. И сега има општи препораки за организирање собири или настани на отворено или на затворено – колкав треба да е капацитетот зафатен од вкупниот капацитет на располагање, дистанците коишто треба да се држат и во рамките на одржувањето на настаните во рамките на протоколите ние не гледаме проблем. Значи, проблем има секогаш кога протоколите не се почитуваат, истакна министерот.

Поврзани новости