Филипче: Овие мерки ги најавувавме месеци наназад и не се задоцнети!

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција говореше за донесените рестрикции, кои ќе почнат да важат од 16 август во земјава.

Тој уште еднаш упати апел до граѓаните за вакцинација, според него, најдобриот механизам за спречување на ширењето на вирусот.

„Вакцината спречува ризик од смрт за 20 пати. Тоа е единствен механизам со кој можеме да ја смениме сликата. Потврдено е дека болеста се шири кај невакцинираните лица. Ние не сакаме да бидеме приморани да воведуваме построги мерки. Без разлика дали прележале или не, граѓаните треба да се вакцинираат со две дози. Што се однесува до мерките, тие не се задоцнети. Ние ги најавувавме овие мерки месеци наназад“, истакна Филипче.

Поврзани новости