652
Засега остануваме на проценките дека пикот на здравствената криза во очекуваме на крајот на април со 2.000 инфицирани лица од Ковид 19, рече министерот за здравство Венко Филипче во 360 Степени на Алсат.
-Овие калкулации зависат од почитување на препораките, од почитување на мерката за самоизолација на потенцијалните заразени, но зависи и од бројката на асимптоматски пациенти – рече Филипче.
Тој порача дека искуството говори оти само онаму каде постои голема дисциплина здравствениот систем може да одговори на овој предизвик.