Филипче: Создавање на колективен имунитет е фаза што неминовно следува

by Фокус

Не може со мерка да се ограничи или стимулира создавање на колективен имунитет за корона вирусот, но тоа е фаза што неминовно следува, рече министерот за здравство Венко Филипче во интервју за 360 степени на Алсат.

-Целта на мерките што ги воведуваме е да има што помалку дијагностицирани и болеста да се открие во порана фаза, што го прави Германија. Постојат различни системи и пристапи, но кај сите има една заедничка точка – социјална дистанца. Се надевам дека продолжи трендот на линеарен пораст на заболени – изјави Филипче, додавајќи дека се очекува и вакцина за Ковид 19.

Тој посочи дека одредени студии од Кина покажале дека многу носители на корона вирусот се асимптоматски, истакнувајќи дека во тек се истражувања што треба да одговорат зошто кај некои заболени има лесна, а кај други тешка клиничка слика.

Поврзани новости