Спасовски до кумановци: Нема простор за паника, 2-3 дена може да поминеме во изолација

by Фокус

Премиерот Оливер Спасовски вечерва упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час.

„Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација“, напиша Спасовски на фејсбук.

Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни лица од Комисијата за заразни болести.

Поврзани новости