Филипче: Околу 15 семејства носат 90 проценти од новите случаи, бројката е голема и поради големиот број на тестови

by Frosina Fakova

По рекордниот број на заболени со Ковид-19 во земјава во последното деноноќие, 180 случаи, министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција ги анализираше причините за големиот број на заболени. Тој вели дека околу 15 семејства носат 90 проценти од новите случаи и за него оваа бројка е очекувана бидејќи биле направени и рекорден број тестови.

-Околу 15 семејства вкупно носат 90 проценти од новите случаи што значи дека болеста се шири тесно во рамките на овие кластери. Има и нови спорадични случаи кои не можат да се поврзат со овие семејства што значи дека вирусот постои и не занчи дека нема и други кластери надвор од оваа бројка, рече Филипче.

Тој рече дека несомнено е дека имаме втор бран на зараза кој, според нивните анализи, е резулатат на непочитување на мерките односно собирањето и групирањето, факт кој го покажале и епидемиолошките анкети. Но, вели дека бројката е очекувана со оглед на тоа што се правеле многу тестови во кризни подрачја, односно во семејствата на заболените.

-Зголемениот број е очекуван поради начинот на тестирање којшто го применивме овие денови со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажаа дека има одреден број на асимптоматски носители и сакавме детално да видиме, рече министерот.

Тој очекува овој втор бран кратко да трае, но вели дека остануваат максимално внимателни.

 

Поврзани новости