Филипче од Новаци: ЕУ ја препозна добрата политика, вратите ни се отворени

by fokus 22:19
22:19

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на граѓанската трибина во Новаци ги потенцираше придобивките за граѓаните од членството на Македонија во ЕУ и НАТО и посочи на поддршката што ја добиваме од западниот свет. Ги повика граѓаните да ја искористат оваа историска шанса и на референдумот да излезат масовно, да ја обезбедат македонската иднина.

– Светот ја поддржува Македонија. ЕУ ја препозна добрата политика, вратите ни се отворени. Поддршката е директна, од светските лидери. Оваа недела, во директна поддршка на развојот на Македонија доаѓаат генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, канцеларот на Австрија, Курц и канцеларката на Германија, Меркел. Светските лидери ни порачуваат дека се вративме на вистинскиот пат. Сега имаме шанса, ве повикувам заедно да ја обезбедиме иднината, да излеземе на референдумот ЗА европска Македонија, рече Филипче.

- Advertisements -

Посочувајќи на придобивките од членството во ЕУ и НАТО, Филипче, меѓудругото, рече дека тоа ќе донесе нови и големи директни странски инвестиции во економијата, во Македонија.

Поврзани новости