Богојески до Кирацоски: Се обидувате да учите од груевизмот

by fokus 21:26
21:26

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во вечерашната дебата со Александар Кирацоски од СДСМ на телевизија 24 рече дека СДСМ прави монопол на кампањата за референдумот и на стремежот за ЕУ и НАТО.

-Оваа кампања е многу поважна од партиите. Како таква требаше да ја носат експерти, научници. Вие оваа кампања ја обоивте со боите на СДСМ. Вие на некој начин гледате со пиетет кон Груевски и груевизмот. Го обвинивавте Груевски дека направил монопол врз партиотизмот. А, сега вие правите таков монопол на европскиот стремеж, дека само вие сте за ЕУ и НАТО. Вие се обидувате да учите од груевизмот, рече Богојески.

- Advertisements -

Поврзани новости