Филипче: Обезбедена е терапија, граѓаните да не прават резерви на „сумамед“

by Fokus

Министерството за здравство ја обезбеди потребната терапија за голем број пациенти заболени од коронавирусот, која утрово ја прифати стручниот тим во Комисијата за заразни болести, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Веќе утре треба да се заврши формално-правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови, по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде што тоа е индицирано. Станува збор за таканаречена ‘оф лејбл’ терапија за која допрва ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји“,- рече Филипче.

Тој потврди дека антибиотикот „сумамед“, за кој во некои првични студии се посочува дека во комбинација со лек против маларија покажал ефекти кај дел од пациентите,

Поврзани новости