Филипче: Нема веќе никогаш да се случи инсулинска криза

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција вети дека повеќе нема да се случи инсулинска криза во Македонија. Тој појасни дека проблемот настанал поради процедурата за набавка на инсулин, поради што ќе се прават корекции.

-Ова што се случи, нема повеќе да ни се случува. Проблемот е во процедурата, дека добавувачот нема обврска доволно време однапред да ја набави претходната количина, па затоа процедурата ќе се менува, за да може да се обезбедат и залихи, рече министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

 

Поврзани новости