Министерството за здравство подготвува протоколи за сите деца да се вратат во училишните клупи на 1 септември. Дотогаш, како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, треба да бидат вакцинирани и останатите 20.000 наставници, откако 10.000 веќе се заштитени. Тој најави дека за две недели ќе бидат познати деталите како ќе изгледа новата учебна.
-Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови – рече Филипче.
Според него, епидемиолошката состојба не е причина да биде одложено доделувањето на свидетелства на учениците.
-Свидетелствата може да се делат во дворовите, сега е убаво времето – рече Филипче.