Делта сојот ќе стане доминантен до крај на август

by fokus
Делта варијантата на коронавирусот, која е особено заразна, може да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Европската унија до крајот на август, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
-Многу е веројатно дека делта мутацијата на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено меѓу младите луѓе кои не се наоѓаат на списокот за вакцинација – изјави директорката на Центарот, Андреа Амон.
Иако „алфа варијантата“ на коронавирус, претходно откриена во Велика Британија, се уште е доминантна во Европа, европскиот центар предвидува дека „делта сојот“, првично пронајден во Индија, ќе претставува 70 отсто од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август, и 90 проценти до крајот на истиот месец.

Поврзани новости