Од корона вирус досега починале 3,88 милиони луѓе

by fokus
 Досега три милиони и 884.538 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека 179 милиони и 71.540 се инфицирани, го објавија денеска западните медиуми новиот биланс на смртни и заразени случаи.

Бројот на официјално заразени лица не го одразува реалниот број на инфицирани, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

САД се најсериозно погодената земја, според бројот на починати и заразени, со 602.462 смртни случаја и 33.565.294 инфицирани.

По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 504.717 смртни случаи и 18.054.653 случаи на инфекција, Индија со 390.660 починати и 30.028.709 заразени, Мексико со 231.505 смртни случаи и 2.482.784 инфицирани и Перу со 190.906 починати и 2.033.606 заразени пациенти.

Перу е држава со најголем број смртни случаи по глава на жител, со 579 смртни случаи на 100.000 жители. Следат Унгарија (310), БиХ (294), Чешка (283) и Северна Македонија (263).

Поврзани новости