Филипче најави дека сестрите на кои не им беше продолжен договорот ќе се вратат на работа

by fokus

Од утре, 40-те медицински сестри се враќаат на работа, најави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека договорите со кои медицинските сестри биле ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје, им се продолжуваат.

-Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи!, пишува министерот на Фејсбук

Поврзани новости