Филипче најави дека новата болница во Кичево ќе биде готова за две години

by Фокус

Вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посетија Општата болница во Кичево, каде најавија дека Кичево ќе добие модерна болница за две години.

-Во овој момент сме пред оваа зграда, која 30 години стои како карабина, две години интензивно работевме на расчистување на проектната документација и други проблеми, коишто ги затекнавме и конечно со одлука на Владата се официјализираше решението да продолжи со градба втората фаза, со што Кичево ќе добие модерна болница, како што граѓаните и пациентите од овој цел регион навистина заслужуваат. Градбата на втората фаза би требало да трае некаде околу две години, што значи дека за две години се ќе биде завршено и соодветно опремено за да добие навистина Кичево здравствена услуга, здравствена заштита, така како што треба – посочи Филипче.

Тој додаде дека во старата болница, која сега сѐ уште функционира, е донесена медицинска опрема којашто значајно го зголемила квалитетот на здравствената услуга за граѓаните.

Поврзани новости