646
Жените со ковид 19 можат да дојат ако сакаат, бидејќи досега корона вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко, објави министерот за здравство Венко Филипче.
„Жените со ковид-19 можат да дојат ако сакаат. Тие треба да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање, да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето, рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле. Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува“, напиша Филипче на фејсбук.