Издавањето на новите пари е одамна планирано, тендерите беа спроведени минатата година

by Фокус

Издавањето на нови серии банкноти во апоени од 10 и 500 денари во текот на првата половина на оваа година беше планирано уште во текот на 2018 година, реагираат од Народна банка, откако опозискиот лидер Христијан Мицкоски праша зошто токму сега се носи законска уредба со која на банкнотите се додава зборот „северна“.

„Одлуките за издавање книжни пари во апоени од 10 и од 500 денари, Советот на Народната банка ги донесе на седницата којашто се одржа на 28 февруари 2019 година, а постапките за јавна набавка на банкнотите беа спроведени уште во вториот и третиот квартал на минатата година, имајќи ги предвид комплексноста и времетраењето на процесот на печатење пари“, велат од Народната банка.

Од таму додаваат дека во повеќе наврати јавноста била известена дека овие книжни пари начелно се планира да бидат пуштени во оптек во текот на првата половина на оваа година, имајќи го предвид природниот животен век на парите.

Поврзани новости