726
Министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека ќе се направи проценка дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против Ковид-19.
–Во текот на вчерашниот ден тим на Министерството за здравство имаше состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посета на новата модуларна болница во Велес.