Во болница се лекуваат 622 заразени со Ковид-19

by fokus

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во низ земјава е 622 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 262 сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во ковид – центрите во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 360 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, а во Куманово 39 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 53 пациенти, во Прилеп 47, во ковид – центарот во Гостивар 7, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани четири, во Кичево осум, Кавадарци 40, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Поврзани новости