Заев: Ако порачавме од сите производители ќе се затекневме со 5 милиони вакцини, а тоа е недозволиво заради наменско трошење на јавните пари

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска потенцираше дека државата нарачала вакцини колку што се потребни за колективна имунизација, одговарајќи на новинарско прашање зошто претходно изјавил дека „нема да нарачаме вакцини од Русија за да не правиме залихи“, а кога во земјава нема вакцини?

-Не се работи за тоа да правиме залихи или не. Ние сме нарачале толку колку што здравствената комисија кажува по нивна проценка дека е доволно за да се постигне колективна имунизација. Така да дефинитивно сме направиле чекори, сме потпишале договори, некаде сме платиле аванс, сме ги обезбедиле тие количини. Ако продолжиме да порачаме од Спутник, следна АстраЗенека, па нови количини од Фрајзер… ќе се затекнеме да имаме 5 милиони вакцини во државата, а тоа е недозволиво заради наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори, толку колку што сме имале потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните. Ако се откаже дел од нарачката, тогаш сигурно следни ќе бидат Спутник вакцините, истакна денеска премиерот Заев.

Поврзани новости