Филипче: Има заразени со вирусот после вакцинација, но тоа се малку луѓе

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција говореше за состојбата со корона вирусот во Тетово и Гостивар, потенцирајќи до луѓето да се вакцинираат што побрзо.

„Основните училишта ќе почнат со физичко присуство, а за средните училишта веројатно ќе биде две недели онлајн, а потоа ќе донесеме дополнителни одлуки. Добро е што бројките на заразени се намалуваат. Треба да направиме напори да ги заштитиме болничките капацитети. Во однос на заразени, има случаи кои се инфицирале после вакцинација, но тоа се мал број на случаи. Медицината не дала одговори на се. Зошто има пациенти кои имаат лесна форма, некои тешка, а некои умираат? Докажано е дека вакцината штити до 20 пати од смртен исход“, истакна Филипче.

Поврзани новости