751
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш порача дека состојбата со корона вирусот во Македонија е стабилна, но се анализира целата ситуација.
„Како што и самите гледате, ситуацијата е мирна, имаме различни сценарија, но важно е да се зголеми колективниот имунитет. Добро е тоа дека нема многу смртни случаи. Што се однесува до делта сојот, нема нови случаи, тие од Тетово се од бразилскиот сој. Од сите мутации на вирусот имаме и затоа го имаме овој пристап“, истакна Филипче.