За децата нема вакцина без термин, родителите мора да закажат онлајн

by Fokus

Вакцинирањето на децата, за разлика од возрасните, ќе треба да се закаже на сајтот vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, пријавувањето почнува денеска, а ќе се одвива до четврток кога заинтересираните ќе го добијат термините за вакцинирање.

-Вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи што значи дека родителите и старателите ќе може да ги регистрираат и од петок ќе започне апликацијата на вакцините, појасни Филипче.

Поврзани новости