Се скратува рокот на примањето на втора доза на АстраЗенека

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека рокот за ревакцинација на оние кои примиле „АстраЗенека“ ќе се скрати од 12 на 6 седмици. Ваквата одлука, вели министерот Филипче, била донесена по денешниот состанок со Комитетот за имунизација.

– Така ќе биде сега со сите граѓани кои ќе треба да се ревакцинираат со оваа вакцина рече Филипче, додавајќи дека нема промена во препораките оваа вакцина да ја примаат само постарите лица, над 60 години.

Поврзани новости