Филипче: Децата во Гевгелија имаат негативни тестови за ковид

by Fokus

Тим од Детската клиника денеска оди во Гевгелија каде заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле 50 – тина деца и бебиња во овој град.

-Бидејќи се уште нема детали ниту за каква инфекција се работи, ниту индиции што би можело да ја предизвика. Тестовите за ковид-19 кај децата биле негативни, а нема пријавени вакви случаи во други градови. Во моментов во болницата се хоспитализирани само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, рече министерот за здравство Венко Филипче

Министерството за здравство вчера објави дека вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница, со симптоми на респираторната инфекција не се типични за овој период од годината – односно самите инфекции кои се појавиле сега во топлиот период, се карактеристични за есен и зима.

Денеска тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во општата болница во Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

 

 

Поврзани новости