Филипче: Вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции!

by Fokus

Според министерот за здравство, Венко Филипче, состојбата со корона вирусот во Македонија е мирна и засега нема потреба за нови евентуални мерки.

Како што порача Филипче, луѓето треба помасовно да се вакцинираат и тоа да биде фокусот во наредните неколку месеци.

„Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно“, порача денеска Филипче.

Поврзани новости