Пристигнуваат донираните 100 илјади вакцини на Астра Зенека од Грција

by Fokus

Денеска пристигнуваат 100 илјади вакцини на АстраЗенека, донација од соседна Грција, најави Министерот Венко Филипче кој учествуваше на отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од страна на Црвен Крст.

Филипче додаде дека денеска ќе биде подготвен и распоредот по кој ќе се изврши теренското вакцинирање, потенцирајќи дека акцент ќе биде ставен на руралните средини, особено во Шуто Оризари.

Поврзани новости