Филипче: Датум за избори само кога Комисијата за заразни болести ќе го одобри тоа

by Fokus
Датум за избори ќе има само кога Комисијата за заразни болести ќе го одобри тоа, истакна министерот за здравство Венко Филипче при денешното гостување во вестите на телевизија Телма, одговарајќи на прашањето, дали експертите од Комисијата за заразни болести се согласуваат да има избори, со оглед на тоа што партијата која е власт денеска побара што поскоро да се одржат изборите веднаш штом олабават мерките.
-Никогаш досега ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој што беше на почетокот на оваа криза закажан не беше предмет за дискусдија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките, односно Комисијата за заразни болести – експертите, епидемиолозите ги темелеа нивните совети, препораки, предлози до Владата. Се што се предложи на Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани здравјето на граѓаните да биде ставено на прво место. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму. Само врз основа на стручни аргументи, анализа на бројот на пациентите, на новодијагностицирано, само врз основа на бројот на пациенти кои ги имаме во болниците, но и на домашно лекување ќе бидат дадени следните предлози, потенцираше министерот Филипче.
Тој додаде дека се надева дека овој тренд ќе продолжи. Тоа што секој ден има се помалку дијагностицирани пациенти, се помалку пациенти кои се лекуваат во болниците и на домшано лекување, тоа што има повеќе излечени отколку активни случаи – значи дека мерките беа добро димензионирани и добро испланирани, кои се темелеа на медицински аргументи, на епидемиолошката наука. Врз основа на ова, предлозите ќе продолжат да се даваат и понатаму.

Поврзани новости