Филипче бил свесен дека ќе се соочи со антиваксери

by Fokus

Во Македонија досега се вакцинирани околу 450 илјади граѓани, а се уште има луѓе кои не сакаат да се вакцинираат и шират негативна кампања за вакцините. Надлежните биле свесни дека ќе се соочат со таква ситуација.

„Бевме свесни дека ќе се соочиме со антиваксинална кампања. Така беше и со пандемијата со морбилите. Но, потоа се покажа колку се моќни вакцините. Близу 450 илјади граѓани во земјава се вакцинирани, а 270 илјади се ревакцинирани. Ќе продолжиме да го држиме системот со вакцинација како и досега. Вакцини има доволно“, рече министерот Филипче.

Поврзани новости