Ми претставува чест и привилегија да бидам носител на листата на пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 4, вели Венко Филипче, откако денеска неговото име и официјално се најде на листата на пратеници.
-Без разлика дали сум доктор или пратеник, мојата мисија е да им помагам на луѓето. Оваа вредност секогаш ме водела и ќе ме води во животот. Останувам посветен на моите пациенти како доктор, но како иден пратеник ќе имам можност да приднесам во креирање политики кои ќе имаат широко влијание во здравството и во другите области кои се важни за граѓаните.
На овој пат, јас ги вложувам моето искуство и интегритет и се обврзувам дека ќе бидам достапен за сите граѓани. Живееме во време на неизвесност и само со емпатија и грижа еден за друг можеме да ја трансформираме неизвесноста во надеж, а стравот во храброст.
Како иден пратеник ќе ги застапувам интересите, не само на граѓаните од ИЕ 4 што ќе ја предводам, туку и на граѓаните од целата држава.
Уверен сум дека со посветеност и соработка ќе направиме значајни промени кои ќе го подобрат животот на сите мои сограѓани.
СДСМ и коалицијата се вистинскиот и единствен избор за сигурна иднина и убеден сум дека вие граѓаните ќе го направите вистинскиот избор, напиша Филипче на фејсбук.