Директорот на Државниот архив Филип Петровски денеска беше свикан на распит во Основното јавно обвинителство, по кривичната пријава за ширење говор на омраза, поднесена од Хелсиншкиот комитет.
Како што јави ТВ24, станува звор за твитот во кој Петровски наведува: „Доаѓа Ќосето вечер. Има пискотници да се слушаат. Две ипол години го малтретирате цел народ. На врата ќе ви ѕвони.
Пријавата од Хелсиншкиот комитет, се однесува на предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
Петровски пак, се брани дека тоа е слобода на говор.
Инаку, овој твит не е единствениот случај кога тој јавно се заканил кон неиспомислениците. Петровски стана познат за пошироктата јавност по своите говори, особено по изборите, кога го отворено повикуваше на војна во одбрана на ВМРО-ДПМНЕ.