Тимоние: Хан треба да го забрза формирањето на новата влада

by fokus

Македонија нема време за чекање и потребно е итно формирање на нова реформска влада, порача денеска амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

Тој вели дека доаѓањето на евврокомесатрот Јоханес Хан во Македонија треба да го забрза процесот на формирањето на новата влада, која ќе остане на патот кон ЕУ и НАТО.

-Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение за сегашното забавување на процесот на формирање влада – порача Тимоние.

Поврзани новости