Чавков гарантира дека утре пратениците безбедно ќе влезат во Собранието

by fokus 17:33
17:33

Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели првиот човек на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, во изјава за Дојче Веле, како одговор на новинарско прашање за безбедносната состојба во пресрет на утрешната координација на новите пратеници во законодавниот дом.

„Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови согласно тие информации и безбедносни проценки. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства“, тврди Чавков, наспроти неофицијалните информации и закани што се шират на социјалните мрежи дека ќе биде оневозможена утрешната собраниска координација на која треба да се утврди предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што ќе биде основа за продолжение на конститутивната седница на Собранието.

- Advertisements -

Поврзани новости