Филе: Опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот

by Фокус 16:08
16:08

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе денеска на средбата со Заев и со Шекеринска во Брисел, ја повикал македонската опозиција да се вклучи во парламентот, бидејќи, според него, тоа е најдобриот начин да се решат проблемите и да се допринесе за потребните реформи во земјата

„Излегувањето од демократските институции ги ослабува, а силните демократски институции се во интерес на државата“, стои во соопштението на Филе.

- Advertisements -

Филе потврди дека со Заев и со Шекеринска зборувал за проблемите наведни во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за последните избори и дека владата има јасна одговорност за решавање на овие недостатоци.

Поврзани новости