Ахмети едногласно реизбран за лидер на ДУИ

by Фокус

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред малку со акламација беше реизбран на лидерската позиција за време на редовниот изборен конгрес во Тетово.

– Свесен сум која одговорност ми ја доделувате и нема да ја изневерам вашата доверба наредниве четири години – изјави Ахмети по изборот.

На конгресот учествуваа речиси 700 делегати, кои изгласаа нова програма составена од три столба – евроатлански интеграции, спроведување на Рамковниот договор и благостојба на народот.

Поврзани новости