По подолго време молк, во првото излегување во јавност, Фијат Цаноски, кој неодамна се повлече од лидерската позиција во Партијата за европска иднина, раскажува за проблемите со кои се соочил во 2011 година.
ФОКУС: Сте имале ли средба со Груевски по уривањето на „Космос“, барем да разјасните некои работи?
ЦАНОСКИ: Последната средба беше во јануари 2011 година, кога му соопштив дека ја напуштам коалицијата. Немав никаков контакт до пред локалните избори 2013 година, кога без срам и перде ми се јавува и бара средба. Отидов во неговиот кабинет во владата и ми вели – ќе соработуваме ли за локалните избори!? Ти имаш еден куп гласови во Струга. Ајде да ја поправиме грешката и да го земеме градот назад! Да не знае човек дали да се смее или да плаче.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК