ВМРО-ДПМНЕ: „Мини шенген“ не е спектакуларен успех и не е алтернатива на членството во ЕУ

by Fokus 19:36
19:36

Зоран Заев е човекот кој ветуваше европска Македонија, кој етикетираше луѓе за кочничари на евроинтеграциите, а сега нуди мини шенген за Македонија и самиот е главен кочничар, реагираат од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

-Мини шенгенот не е алтернатива на ЕУ и Заев не може да го преставува како спектакуларен успех. Тоа е вообичаена регионална соработка, далеку од тоа што е врвен национален интерес, а тоа е полноправно членство во ЕУ и дел од големото семејство европски држави, велат од партијата.

- Advertisements -

Од партијата сметаат дека корупцијата и криминалот се симболот на актуелната власт и затоа државата е секој ден се подалеку од Европа.

-Не ВМРО-ДПМНЕ, туку Транспаренси не вбројува во најкорумпирани држави во светот, а извештајот на Стејт Департментот нотира корупција и криминал во власта, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Поврзани новости