Вучевиќ: Приштинските полицајци влегле во Лепосавиќ и го смениле персоналот во станицата

by Fokus

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека приштинската полиција синоќа влегла во Лепосавиќ и со помош на КФОР го сменила персоналот во полициската станица Лепосавиќ.

Вучевиќ изјави дека утрово добил информација дека дел од специјалната полиција е префрлена од базата Урошевац во Косовска Митровица, а станува збор за група од 35 полицајци.

„Во Лешовиќ дојде до смена на припадниците на косовската полиција. Екипата што претходно беше под контрола на Приштина беше заменета со нови луѓе. Имаше промена на луѓето, луѓето дојдоа со поддршка на транспортерите на КФОР. Потврдено е и од КФОР „Тоа не е факт што ни е пријатен, но мора да бидеме свесни за тоа“, изјави министерот за ТВ Прва.

Поврзани новости