По повод утрешното одбележување на паневропскиот ден на сензибилизација против антибиотици, Европската Комисија објавува анализа за употребата на антибиотици на територијата на земјите членки на ЕУ.
Резултатите од анкетата говорат дека 23% од испитаниците употребиле антибиотик во текот на изминатата година што покажува дека луѓето и натаму веруваат дека антибиотиците убиваат вируси, иако тоа е медицински неточно.
Но, како што посочува Европската Комисија, преостанува уште многу работа на полето на сензибилизацијата. Комисијата алармира повторно дека отпорноста на антибиотици е една од трите најголеми опасности за здравјето на луѓето.
Секоја година во ЕУ, Исланд и Норвешка над 35 илјади луѓе умираат поради инфекции отпорни на антибиотик, тоа резултира со дополнителен товар од 1,5 милиони евра за здравствените системи во ЕУ.
За да се надмине проблемот Комисијата повикува на засилена координација меѓу земјите членки на ЕУ. Во овој контекст Европската Комисија најави дека на почетокот на идната година ќе предложи промени на фармацевтското законодавство за справување со овој проблем и препорака до Советот на ЕУ.